“Ohrid Calling 2019”: Најголем музички настан во историјата на Република Македонија

И оваа година нашите пријатели и соработници од најдобрата македонска продуценска куќа, Авалон продукција, со огромно задоволство ви го најавува досега најголемиот проект на Авалон во досегашната 26 годишна работа во Република Македонија – музичкиот фестивал “Ohrid Calling 2019”.

После минатогодишното издание на “Ohrid Calling” кое со спектакуларните настапи на Dimitri Vegas & Like Mike и Armin van Buuren навистина направи од фестивалот бренд денес познат низ целиот свет, пред Вас е годинешниот line-up којшто го сочинуваат 16 светски артисти кои ќе настапат на досега кај нас невидено четиридневно доживување, на кое очекуваме минимум 20.000 посетители по ден, од цела Европа.

“Поради тоа што секојдневно сме бомбардирани со прашања за информации околу овогодинешниот фестивал, во оваа најава покрај имињата на артистите ги објавуваме и цените на влезниците кои ќе бидат пуштени во продажба во понеделник, 11-ти март во 09 часот наутро преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk”, велат од Авалон.

Инаку цените за билетите ќе оди по следниве категории:

Блок блезници за сите четири дена:

  • Единечен партер – 2.990 денари (49 евра)
  • Фан пит – 3.990 денари (65 евра)
  • ВИП билети – 6.000 денари (100 евра)

Единечни цени на влезници по ден:

  • Единечен партер – 1.200 денари (20 евра)
  • Фан пит – 1.990 денари (33 евра)
  • ВИП билети – 3.000 денари (49 евра)
Повеќе на Музика24...