Во прв ред

“Охрид фест”: Фестивал или панаѓур

Како што дознава Специјализираниот македонски музички портал Музика24, дефинитивно пукна тиквата помеѓу долгогодишниот директор на организација на “Охрид фест” Џими и сопственикот на фестивалот Глигор Копров. За причините можиме само да нагаѓаме, но се чини дека се работи околу финански проблеми со кој фестивалот кубури веќе повеќе години. Она што ние го дознаваме е дека досегашниот директор на организација Џими преку нос му дошло од кукањето на маестро Копров секоја година за немање пари за исплата на хонорарите. А можеби и намалување на бројот на кавалитетните изведувачи што е евиденто од година во година потврдува дека сепак некогаш квалитетниот меѓународен фестивал оди во правец на панаѓурски собир заради проблемите со финансии.

Дали откажувањето на досегашниот повеќе од квалитетен директор на организација Џими е уште еден чекор поблиску до гасење на овој фестивал? Да потсетиме. Не така одамна прв повлече потег и го напушти друштвото на “Охрид Фест” Огнен Неделскоски кој беше во фестивалот од неговото основање токму поради незадоволството од ниските хонорари кои Копров ги исплаќа према професионалните соработници, а ги тинтра оние кои сакаат само ќар од фестивалот без ништо да сработат.

Ако е точно тоа дека минатата година, како што дознаваме од наши извори, дека само еден ден пред почетокот на фестивалот Џими побарал исплата на хонорарот или ќе си заминел, би требало и ова да е точно што го дознаваме за оваа година.

И ако на сето ова се додаде дека се погласен во своето незадоволство од соработкта со Копров е и долгогодишниот режисер на фестивалот, Тихомир Бачоски, можеби со сигурност можеме да кажеме дека без вакви професиналци во организацијата сигурно “Охрид Фест” се движи повеќе накај панаѓур отколку на меѓународен фестивал. Нашиот тим и понатаму ќе истражува затоа што при растурањето на “сложнато” семејство се повеќе се слушаат гласини околу многу работи меѓу кои и местењето на награди за кој претпоставуваме дека Џими може доста да каже.

Исто така дознаваме дека оваа година фестивалот ќе го пренесува телевизија Канал 5 кој, незнаеме дали е вистина, но се слуша дека нема линкови за сателитски пренос низ Балканот, опција која на организаторите име беше голема мамка за спонзорите.

И за крај:
Дали со тоа оваа година се измамени спонзорите?
Дали Бачоски навистина е незадоволен?
Дали после Неделковски си оди и последната професионлна карика на овој фестивал, Џими?

За сите овие прашање и недоумици се потрудивме да стапиме во контакт токму со последниот мохиканец на “Охрид Фест”, Џими, но човекот како да пропаднал во земја и после премногу обиди го добивме и рече само кратко:

“Припремите за “Охрид Фест 2015″ се во тек и ве молам не ме барајте додека фестивалот не се оддржи”, ни изјави накратко Џими по телефон.

Дали со тоа Џими сака да сокрие нешто, а со тоа да го заштити оддржувањето на овогодишното издание? Многу прашање засега сме без одговор. Едно знаеме. Овогодишното издание ќе се одржи, за до година ќе видиме. Познавајќи го карактерот на Џими можеби ќе ја отвори душата после овогодишното издание и ќе каже многу пикатни работи за една деценија од неговата работа во органиацијата. Наше е да истражуваме, а времето ќе потврди се.

Подготви и истражуваше: Редакцијата на Музика24.мк

Можеби ќе ве интересира: