Во прв ред

Општина Илинден ќе го прослави патрониот празник со Ламбе и Ибуш Ибраимовски

Општина Илинден ќе го одбележи патрониот празник – Илинден (2-ри Август) со настап на Ибуш Ибраимовски и Ламбе Алабаковски

На ден 28.07.2022 година (четврток) со почеток во 20 часот, во амфитеатарот во комплексот на Домот на култура „Илинден“, во населба Илинден на свечен начин ќе биде одбележан патрониот празник на Општина Илинден и националниот празник на македонскиот народ.

Манифестацијата по повод одбележувањето на Денот на Општината ќе ја отвори оперскиот пејач Никола Стојчески со интонирање на државната химна, а подоцна ќе настапат добро познатите македонски музички изведувачи, Ибуш Ибраимовски и Ламбе Алабаковски.

Можеби ќе ве интересира: