Во прв ред

Општина Битола ја објави празничната програма за „Зимска приказна“ пред Офицерски

За незаборавни празнични спомени, „Зимска приказна“ е проект кој во Битола ќе донесе празична магија со еден ваков прв организиран неколкудневен настан на кој ќе продефилираат музичари, актери, уметници и диџеји. Тие се распоредени низ вкупно 57 точки на 60 часовна активна програма што ќе започнува од 17 часот секојдневно и ќе трае до полноќ, во викенд програмата ќе биде целодневна, а за дочекот на Новата година планирана е допопнителна програма.

Настанот е наменет за жителите на градот, на околните општини и на гости кои ќе ја посетуваат Битола пред празниците, со намера истиот да прерасне во туристички производ на кој можат да се приклучат и хотелиери и угостители и други пратечки индустрии со цел да расте низ годините што доаѓаат. Настапите на учесниците ќе бидат на бината, а на платото ќе се постават штандови во кои предност ќе имаат битолски компании кои ќе сакаат да ја искористат шансата за своја промоција, но и продажба на производи и услуги. Планирано е на штандовите да се продаваат украси, подароци, сувенири и слично, направени во Битола. Исто така да има и гастрномска понуда на храна и пијалаци. Влезот на настаните ќе биде бесплатен за сите. А предвидено е да има и фото корнер за фотографирање со Дедо Мраз.

Четврток 23.12.2021, почеток 17:00 часот

-DJ Ricardo, Danny-L, T-Zobe, DJ Acika, Foltin – Офицерски дом

-Новогодишна уметничка работилница за деца 23.12.-27.12.2021 – НУ Завод и Музеј Битола

Петок 24.12.2021 – Офицерски дом почеток 17:00 часот

-DJ B.Boy, Сити бенд, 3 G бенд, Код369, Паркети

Сабота 25.12.2021 – Офицерски дом почеток 11:00 часот

– “Тра Ла Ла” – Детски музички фестивал,

– “Снежана – Кралица во светот на слатките” – Детска театарска претстава,

Офицерски дом почеток 17:00 часот

-Ориент Експерес, Мелос Бенд, Група Аманет, Група Мелем, Папал, Група Гром.

Недела 26.12.2021 – Офицерски дом почеток 11:00 часот

– “Зима” – Детска театарска претстава, ЗКУ “Бабец” театар

– “Три” – Детска театарска претстава на знаковен јазик, режисер: Јован Ристовски,

Офицерски дом почеток 17:00 часот

– DJ Goks, Стрингс бенд, Ние (запирка) другарите, Икс бенд, Боеми.

Понеделник 27.12.2021 – Офицерски дом почеток 17:00 часот

– Битолски дувачки оркестар, DJ Boca, DJ Sop, DJ Berryqyat, DJ Bad Juju, Funkd up бенд.

Вторник 28.12.2021 – Офицерски дом почеток 17:00 часот

– DJ Saso Spect, Драмско озборувачко шоу, Група ЃЕРДАН, Група ОСКАР, Деспина.

Среда 29.12.2021 – Офицерски дом почеток 17:00 часот

– Промоција на различни култури од различни етнички заедници (фолклор, традиционални јадења, музика) – Широк сокак

– “Виена во Битола” – Концерт на класична музика на Камерен Оркестар на Битола – Центар за култура почеток 20.00 часот,

– DJ Chiko, Ile the hair, Contru DJ, The Groove бенд – Офицерски дом

Четврток 30.12.2021 – Офицерски дом почеток 17:00 часот

– “Новогодишна магична бајка” – Детска театарска претстава – ЗЗКА Балада Арт,

– “Подарок за Дедо Мраз” – Детска театарска претстава – Театар Дел Арте,

– “Новогодишни желби” – Детска театарска претстава

– Агим Џело, DJ Ljubisha, DJ Bobba Funk, поп пејачката Марија Груевска, Група Фонтана.

Петок 31.12.2021 – Офицерски дом почеток 11:00 часот

– “Караница пред куќата на Дедо Мраз” – Детска театарска претстава – Театар “Солза и Смеа”,

– “Си-До” – Детски музички фестивал,

– “Магично другарство за Новогодишно царство” – Детска театарска претстава.

Петок 31.12.2021 – Офицерски дом почеток 21:30 часот

– Новогодишен концерт на Камерниот оркестар на Битола, Огнено шоу, DJ Flore, Огнен и Буки.

Сабота 01.01.2022

– “Први на први” – Новогодишно искачување на Пелистер

Можеби ќе ве интересира: