Откажан концертот на Лола Астанова во Скопје

Организаторите на концертот вчера соопштија дека концертот на познатата пијанистка Лола Астанова закажан 9 ноември се откажува. Како причина за откажувањето се наведуваат приватни причини на артистката.

Пијанистката од Узбекистан требаше да одржи концерт заедно со гудачки камерен оркестар од 8 музичари во Националната филхармонија.

Астанова која подолг период живее во САД е позната по интерпретации на композициите на Шопен, Лист и Рахманинов, и виртуозните композиции на пијано на хитовите како што се “ Don’t Stop the Music” од Ријана, “ We are the Champions” na Quinn и “Moonlight Sonata” од Бетовен, којa ја изведува заедно со нејзиниот добар пријател Стјепан Хаусер од „2 Cellos“.

Со повеќе од 100 милиони прегледи на Instagram минатата година, Лола Астанова стана најпопуларниот пијанист во светот, генерирајќи бројки кои се без преседан за класична музика.

Повеќе на Музика24...