Откажан концертот на Placebo во Скопје

Со жалење вe инфoрмираме дека концертот на Placebo во Скопје закажан за 25 јуни на АРМ Стадионот сепак нема да се случи, впрочем како и ниту еден концерт на Placebo во рамки на нивната турнеја за 2020-та година.

Како и со сите турнеи, така и овде се работи на датуми и на нова турнеја за идната, 2021 година, па повеќе за тоа ќе се знае во средината на месец септември.

Сите оние коишто не можат и не сакаат да чекаат, ќе можат своите пари да си ги добијат назад од идната среда, 27-ми мај, од 09 часот наутро. Рефундацијата ќе се врши на начин и на местото од каде што се купени билетите.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.