Во прв ред

Откажани утрешните концерти на “Фрајле” во Битола

Центарот за култура – Битола попладнево соопшти дека двата утрешни концерти на популарниот српски бенд “Фрајле” се откажуваат и презакажуваат за 3-ти април.

“Почитувани, по денешната препорака на Владата да се откажат поголеми јавни собири до 6-ти март поради корона вирусот, концертите на “The Frajle” се откажуваат и презакажуваат за 3-ти април (петок)”, објавија од Центарот за култура.

Концертите беа закажани за утре 29-ти февруари, со почеток од 18 и 21 часот. За гостувањето на “Фрајле” во Битола имаше огромен интерес  па затоа беше издејствуван и втор концерт. Организаторите потенцираат дека купените билети ќе важат и за новиот датум.

Фото: Никола Јовановиќ

Можеби ќе ве интересира: