Синоќа во Центарот за култура – Битола во рамки на 32-то издание на „Интерфест“ се одржа концерт на познатиот јапонски оперски пејач Казухиро Котетсу со Камерниот оркестар на Битола.
Во првиот дел од програмата беа делови од операта „Волшебна флејта“ од Моцарт, оперите „Симон Боканегра“, „Набуко“ и Сицилијанска вечера“ од Верди. Вториот дел од програмата беше посветен на народните песни, а започна со јапонската народна песна „Kaigara Bushi (Рибарска песна)“.
Котетсу кој на македонската јавност и е познат по изведбите на македонски народни песни, пред битолската публика се претстави со „Македонско девојче“, „Ако одам во Битола“, „Кога паднав на Пирина“, „Земјо македонска“, а на бис се врати се „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ и „Ако умрам ил загинам“. Особена еуфорија и воодушевување предизвика изведбата на „Ако умрам ил загинам“ која Котетсу освен вокално се потруди и сценски да ја изведе во препознатливот стил на легендарниот Јонче Христовски, а фрлањето на сакото во публиката беше кулуминација на атмосферата проследна со долг аплаузи и стоечки овации.
Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски