Во прв ред

Овој викенд ќе се пее на “Поточиња 2022”

Во овој јунски долгоочекуван викенд, детските чекорчиња ќе брзаат кон Македонската филхармонија, со желба да уживаат и пеат заедно со Поки и дечињата на новото издание на најомилениот детски фестивал во Македонија, – „Поточиња 2022“.

Од организацијата на „Поточиња“ информираат дека на денот на секоја од претставите, – и во сабота и во недела, освен преку МК ТИКЕТС, карти ќе можат да се купат и на билетарата на Македонската филхармонија. Додека се одбројуваат минутите до претставите, дечињата можат во меѓувреме да уживаат во новите рефрени на „Поточиња“:

Билетите секако се сè уште во продажба преку продажната мрежа на МК ТИКЕТС, како и онлајн: www.karti.com.mk и mktickets.mk, а истите брзо се распродаваат.

„Поточиња 2022„ ќе се одржи во три различни термини, односно, – на 18.06.2022 (сабота) и 19.06.2022 (недела), и тоа со почеток во 11:00 часот, 13:00 часот и 19:00 часот.

Овој викенд несомнено ќе биде исполнет со детски џагор и мелодијата на новите хитови на „Поточиња“! Време е за песна и безбројни детски насмевки!

Можеби ќе ве интересира: