Охридскиот Паб “Даблин” не престанува да не изненадува во ова време и невреме со својата работа. Продолжува и понатаму со максинална посетеност и бројност на луѓе исто како да не опстануваат во Македонија, земја која е во криза. И додека чекаме од менаџерскиот тим да ни го откријат изненадувањето за Нова година, Ви соопштуваме дека утре, сабота 06-ти декември гости или поточно домаќини во пабот ни се “NO FUN“, бенд кој минатата година ја освои далматинската ривиера.
“Даблин” вложи напори пред да ни заминат овие дечки низ Далмација и Црна гора да не расположи овој викенд. Дознаваме дека со нив се преговара и за време во летниот период да подготвуваат доста журки. И додека менаџерите на “Даблин” ни го кријат изненадувањето за Нова година ние ви отркиваме дека незаборавно ќе си помините во сабота со “NO FUN”, а богами и ние зошто ќе имаме екипа од Музика 24 на настанот за кој ќе ве известиме. Викенд е… Не пропуштајте!
Подготви: Редакција Музика24