Во прв ред

Парни Ваљак пред македонската публика на 16-ти мај

Спортскиот центар “Борис Трајковски”, на 16-ти мај ќе биде местото од каде што сега Хрватска, но некогаш најголема југословенска поп – рок група, Парни Ваљак, ќе потсети што беше тоа вистински балкански поп – рок. Со почеток во 21 часот на сцената во Борис, екипата на Аки Рахимовски на македонска сцена ќе ги донесат хитовите на кои што креваа раце многу генерации. “Све још мирише на њу”, “Јесен у мени”, “Заставе”, “Моја је пјесма лагана”, “Угаси ме”… ќе бидат само дел од репертоарот кој што е предвиден да трае повеќе од 2 часа.

Со најновата технологија на озвучување и осветлување, бендот кој што ги наполни најголемите концертни сали и стадиони во регионот, на 16-ти мај доаѓа и во Скопје, за да прослави цели 40 години од своето основање. Скопскиот концерт е најавен како реприза на спектакуларниот белградски концерт кој што се случи не еднаш, туку двапати по ред.

Откако минатата година, со озвучување и осветлување кое со себе го носат на сите концерти, ја наполнија белградската Комбанк арена, годинава тоа го направија двапати. По сите параметри, публиката вели дека концертот на Парни Ваљак бил концерт вреден за паметење. Концертната турнеја по повод 40-от роденден започна на 14-ти февруари во Бања Лука. Од таму најавија спектакуларна концертна турнеја со која ќе потсетат зошто цели 40 години го држат тронот на регионалниот рок.

Parni Valjak_poster

Влезниците за концертот на Парни Ваљак веќе се пуштени во продажба и можете да ги најдете на стандардните продажни места: Камарад – Рамстор, Розе – Веро 2, Југотон, локалните кафулиња и трафики низ државата и продажната мрежа на Купи карти за се. Цената на влезниците е: партер – стоење – 400 денари, трибина седење од – 500 до 1000 денари, фан пит – 700 денари додека ВИП влезница за концертот на Парни Ваљак ќе ве чини 1200 денари.

Колку само за потсетување, легендарниот хрватски рок состав и Македонија имаат посебна врска благодарение на лидерот на бендот Аки Рахимовски. Тој се родил во Ниш, но кратко потоа се преселил во Македонија. И ден денес не пропушта да каже дека е македонец. Историјатот на оваа легендарна балканска рок група, Рахимовски секаде го забележува како македонско – хрватски пејач. За концертот закажан на 16-ти мај во Македонија, Рахимовски вели:

“Не се соменавм дека моите македонци ќе бидат најгласни. Македонската почва од секогаш била плодна за поп и рок. Не случајно од таму излегле и групи, песни и музичари кои што и ден денес се лидери во тоа што го работат”, изјавил Рахимовски за српските медиуми.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: