По повод 40 годишното опстојување на хрватскиот легендарен состав “Парни Ваљак” тие пред месец дена ја започнаа нивната европска турнеја каде на мапата се најде и Македонија поточно Скопје. Нивниот наслов “Без струје” однапред ги распродаде нивните настапи низ цела Европа и Балканот, така што љубителите на нивните рок хитови ќе имаат можност да уживаат во добрата музика која ќе трае цели два ипол часа.
“Нашето мото секогаш било да се здружиме заедно за добрата рок музика затоа издржавме како состав до крај и се надеваме македонската публика ќе не прифати повторно каде секогаш се чувствуваме добредојдено како во свој дом”, изјави фронтменот на “Парни Ваљак” Аки Ракимовски. Воедно тие оддржаа неколку феноменални настапи во Марибор, Словенија и во Бања Лука, Србија со кој покажаа дека се едни од најреномираните рок состави во целиот балкан и пошироко.
Подготви: Редакција Музика24