Во прв ред

Петар Грашо наместо Аца Лукас во Македонска Каменица

Денот на рударите ќе се одбележи со балканска музичка ѕвезда и во Македонска Каменица. Иако првично беше најавено дека Аца Лукас ќе пее во Македонска Каменица, се испостави дека менаџментот на Лукас закажал два настапи за истиот датум во два града во непосредна близина.
“Поради несериозни обиди за промена на утврдениот термин за одржување на концертот на Аца Лукас од страна на неговиот менаџерски тим и поради фактот што се потврдени два концерти во ист ден, неговиот настап во Македонска Каменица е ОТКАЖАН. Веќе се работи на ангажман на нови музички ѕвезди кои ќе бидат дел од најголемиот музички настан ова лето.
За сите новоангажирани имиња благовремено ќе ве известиме”, соопштија минатата недела организаторите.
Неколку дена подоцна организаторите не известија дека еден од најпознатите хрватски изведувачи, текстописци, кантавтори и композитори, човек кој во богатата кариера соработува со сите популарни балкански музичари и е добитник на сите музички награди во регионот, доаѓа во Македонска Каменица. Петар Грашо со комплетна екипа е подготвен за спектакуларно музичко доживување на Градскиот плоштад на 28-ми август.

Можеби ќе ве интересира: