Петер Ренџов ве повикува на дишење чист македонски џез на врвот на Водно (Видео)

Петар Ренџов заедно со својата екипа не повикува на 13-ти април точно во 12 часот на врвот на Водно да се дружиме и заедно да дишеме чист македонски џез. Како што е веќе познати и препознатливо за него, тој постојано наоѓа волшебни места за промоција на своите носачи на звук.

Првиот албум “Сонот на невестата”, беше промовиран на Матка, а вториот пак “Темјаника” на плоштадот пред црквата “Света Богородица”, во центарот на Скопје. Сега, звуците на неговиот последен албум “Џезилка”, со кој тој одбележува 40 години музичка кариера ќе прозвучат и од врвот на Водно. Негови гости ќе бидат членовите на бендот со кој неуморно настапува во Скопје и низ земјава “Тумбао салса бенд”.

Всушност, концертот на Петар Ренџов ќе биде прв на овој јавен простор, кој по реновирањето на планинарскиот дом “Даре Џамбаз” и треба да прерасне во спортско-рекреативен, но и културен центар, кој ќе го користат граѓаните на Скопје и туристите што ја посетуваат нашата метропола.

Повеќе на Музика24...