Во прв ред

Петтото издание на музичкиот фестивал „Андерфест“ Скопје

Музичкиот фестивал „Андерфест“ ќе се одржи петти пат на 13-ти октомври во Младинскиот културен центар (МКЦ). На овој јубилеј публиката ќе може да ужива во музиката од алтернативната, рок, панк-рок, метал, хардкор-сцената од нашата држава, која ќе покаже дека е одлична и има што да понуди.

Од најавените бендови, сите ѝ се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња за кои организаторите очекуваат многу публика и ветуваат забава.

На „Андерфест 5“ ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар. Продажбата на билети за концертот e почната и можете да ги набавите преку следниот линк.

Можеби ќе ве интересира: