Во прв ред

“Placebo” ќе настапат на “Скопје гори 20.20”

Ретки се бендовите кои успеале да станат големи, а истовремено да останат авангардни, бескомпромисни и суперквалитетни во тој процес. “Placebo” се дефиниција за тоа. Затоа, Авалон продукција, со огромно задоволство ви најавуваме дека “Placebo” доаѓаат на возобновениот рок настан “Скопје гори фестивал 20.20”, со ексклузивно шоу во регионот.

Како во моментов звучи во живо еден од најмоќните светски рок бендови, публиката од Македонија и од регионот ќе може да види и да слушне на 25-ти јуни на стадионот на АРМ во Скопје. Дека е задоволството големо што Скопје и Македонија ги имаат “Placebo”, не треба ни да се спомене, само треба да се види листата на големи фестивали каде ќе настапат ова лето: Rock Werchter во Белгија, BBK и Madcool во Шпанија, Park Live во Русија итн.

Со повеќе од 12 милиони албуми продадени во светот досега, “Placebo” е основан во 1994 година. Со нивниот специфичен звук кој претставува фузија на глам-рок и готик-поп жанровите, како и по уникатниот имиџ на пејачот Brian Molko, “Placebo” добија статус на апсолутни миленици на алтернативната рок популација, а меѓу нивните бројни обожаватели се вбројуваше и легендарниот David Bowie.

“Placebo” досега имаат објавено вкупно девет албуми, од кои седум се студиски и два во живо. Не треба да се заборави дека покрај носачите на звук, “Placebo” имаа серија од исклучително успешни синглови и видео спотови со впечатлив стајлинг, со што дефинитивно се профилираа како современ арт-рок состав и тоа на најдобар можен начин.

Влезниците за веројатно најголемиот рок концерт ова лето во Македонија ќе бидат пуштени во продажба во петок во 09 часот наутро и истите ќе може да ги набавите исклучиво во Avalon music & ticket store во ГТЦ, продажните места во мрежата на Авалон низ земјава и онлајн на avalon.mk.

АРМ стадионот ќе биде адаптиран на капацитет од 6000 посетители, а специјалните гости ќе бидат дополнително објавени.

Можеби ќе ве интересира: