Во прв ред

„Pluto`s Doubts“ и „Conquering lion“ ќе бидат предгрупи на светски познати бендови

Авалон продукција кои периодов организираат низа на концерти на светски познати бендови и изведувачи, одлучија да ги поддржат македонските бендови така што ќе им дадат можност да настапуваат на иста сцена со светски познати бендови, како нивна предгрупа. Така „Conquering Lion“ ќе бидат предгрупа на „Thievery corporation“ а „Pluto`s Doubts“ на „Placebo“.

„Conquering Lion“ е даб/реге/кросовер бенд од Македонија кој своето творештво го започнува на 7-ми Април 2007. Со 5 студиски албуми позади нив, Греми преноминации за најдобар реге албум, бројни награди и фестивалски настапи низ Европа и светот, „Conquering“ Lion ќе го претстават нивниот последен студиски албум „Revolution Time” на 3ти јули на Стадионот на АРМ како предгрупа на легендарните „Thievery corporation“.
Свежиот и авангарден звук на „Pluto`s Doubts“, како и иновативните и поетични текстови кои станаа заштитен знак на бендот ќе прозвучат на 16-ти јули на Стадион на АРМ, пред настапот на еден од највозбудливите рок бендови од овој век, „Placebo“.
Претходно во мај, рок составот „Station: Innermost“ настапи како предгрупа на концертот на легенрарните „Deep Purple“.

Можеби ќе ве интересира: