Во прв ред

По детската вечер, “Охрид фест” вечерва продолжува со фолк вечерта

По вчерашниот старт на летниот музички фестивал “Охрид фест” со вечерта посветена на детска музика, фестивалот продолжува во наредните три дена. Вечерва е посветена на фолк музиката, а тоа значи дека голем број на познати музички имиња од македонската фолк сцена ќе се појават на сцената на “Охрид фест”.

Во продолжение, Музика24 Ви ја преставува листата на изведувачи кои ќе настапат во вечерта посветена на фолк музиката.

Изведувачи во фолк вечерта:

  1. Вале Гулабица – “Биди фер, биди човек”
  2. Александар Ѓурчевски – “Отвори душо капија”
  3. Фамосо Бенд – “Љубовта е како вино”
  4. Стели Јорданова (Бугарија) – “Прости ми мајко”
  5. Зоран Панделиев – “Ако е љубов дојди”
  6. Руса Андова – “Згужвани чаршави”
  7. Александар Тасевски – “Свадба Охридска”
  8. Селект Бенд – “Аман мори Тинче”
  9. Група “Нота” – “Нека свират сите тамбури”
  10. Христо Георгиев – Ице – “Коријата дедова”
  11. Ориентал Бенд – “Наум и Неда”
  12. Иван Радевски – “Тамбура”
  13. Васил Валканов и Марија и Магдалена Филатови (Бугарија) – “Од љубов не се бега”
  14. Мирко Вретовски и Група “Евгенија” – “Еј, Грлице”
  15. Коки и Прогресив Бенд – “Знам ти си среќна”
  16. Група “Соната” – “Зора е”
  17. Група “Носталгија” – “Песна стара Охридска”
  18. Петар Нечовски – “Џанче”
  19. Благица Павловска – “Мажот и ракијата”
  20. Благоја Груевски – “Тешко е тешко”
  21. Ирена Спасовска – “Ден, два, недела”
  22. Група “Скопски боеми” – “Охрид знае љубов што е”
  23. Јордан Митев – “Моја кралице”

Се надеваме дека изборот на песни и изведували Ви се допаѓа и дека доколку веќе се наоѓате во Охрид или околните градови, а секако сакате убаво помината вечер, Музика24 Ви предлага барем на неколку часа да си го дозволите тоа задоволство.

Колку за подсетување, исто како и минатата година, и оваа “Охрид фест” ќе се одржи на кејот од Охридското езеро, а како што дознава Специјализираниот македонски музички портал Музика24, за прв пат во историјата на овој фестивал, истиот ќе биде пренесуван од голем број на тв куќи како од балканот, така и од пошироко. Па така, за прв пат овој наш познат летен музички фестивал ќе биде пренесуван во живо од националната Турската радио телевизија – ТРТ, ТВ Шансона – Русија, ТВ З1 – Хрватска, Балканика – Бугарија, Визион – Албанија, Свет + – Србија, ТВ Хајат – Босна и Херцеговина, Коперникус – Србија, ТВ  Бела Аме – Србија, ТВ Атлас – Црна Гора… и многу други.

Подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: