По осми пат во Скопје ќе се одржи гурманскиот викенд со пиво – Пиволенд. Од втори до шести септември посетителите ќе имаат можност да уживаат во над 30 пивски брендови, како и деликатесни гурмански специјалитети кои одлично одат со пиво. 5 дена забава, дегустација на пиво и музика која ќе ги задоволи сите вкусови. Како и претходните години фестивалот ќе се одржи на Скопското Кале, збогатен со голем број забавни активности и игри кои ќе придонесат за уште подобра атмосфера. Фестивалот е во организација на “Темов” и град Скопје.
Традицијата продолжува, Скопје уште еднаш ќе има можност пет дена да го живее духот на Пиволенд. Дојди, види, испиј! Гурмански викенд со пиво – Пиволенд 2015.
Подготви: Редакција Музика24