Прилеп не би бил Прилеп ако веднаш по Петровден или едноставно кажано, кон средината на месец јули не се оддржи препознатливата, најпознатата и најочекуваната музичка и пиво манифестација која е позната низ цел Балкан, а е едноставно наречена “Пивофест”
По пауза од две години (поради коронавирусот), Општина Прилеп заедно со своите партнери и соработници, како и со македонските медиуми, повторно најавуваат интересни, забавни, музички и незаборавни фестивалски денови во кои веруваме сите ќе бидат задоволни и конечно слободни од се она што е зад нас. Музичката програма се уште не се знае, но благодарение на неколкуте продукции со кои соработува организаторот очекуваме навистина интересна и богата музичко забавна програма со музички имиња како од Македонија, така и од Балканот.
Од Општина Прилеп велат дека при крај е процесот на избор на организатор, а за се останато останува да бидеме трпеливи и уште малку да почекаме.
Веруваме дека после многубројните карантини, полициски часови и што ли уште не, конечно ќе можеме да се опуштиме со најдобрата музичка манифестација во која и оваа година како медиумски покровител ќе биде и музичкиот портал Музика24.
Подготви: Влад Петров