Во прв ред

По повод 32 години од заминувањето на легендата на Queen, Фреди Меркјури, вечерва голем концерт на Queen Sensation во Македонската филхармонија

Queen Sensation, еден од најдобрите трибјут бендови во светот. Од 2006 година, настапуваат ширум светот, воодушевувајќи ја публиката во Бразил, Кина, Европа, Африка, Русија, Јужна Кореја и многу повеќе. Повторно оживувајќи ја магијата на безвременските хитови и изведби на Queen. Во целост едно извонредно музичко патување и доближување на моќта и сјајот на легендарните Queen.

Денес, 24-ти ноември се одбележуваат 32 години од заминувањето на легендата и иконата на Queen лидерот со неповторлив глас Фреди Меркјури, датум на кој Queen Sensation во Скопје ќе ја претстават неговата безвременсka магија и постоење, а воедно и го продолжуваат величенството на наследството на музичката икона на групата Queen.

Феноманален трибјут на безвременската магија на групата Queen. Концертот е во организација на МГ Мјузик Продукција.

Можеби ќе ве интересира: