Во прв ред

По повод 50 години музичка кариера, голем солистички концерт на Мики Јовановски Џафер

Утре сабота 13-ти април, во познатото и култно скопско место „Јавна соба“ ќе се одржи концерт за душа, за уво, а истовремено и голем јубилеј. Концерт за паметење по повод 50 години музичка кариера на Мики Јовановски-Џафер. На концертот се најавени голем број гости музичари и се очекува да биде вечер на обединување на генерациите во Скопје со времеплов од 90-те до денес.

Мики Јовановски-Џафер, македонски рок-музичар, брилијантен вокал, неуморен перфекционист, човек што слуша и креира музика, кој остави траен белег на македонската музичка сцена. Во текот на петдецениската кариера соработувал со многу музичари, а бил член на многу бендови: „Солзи“, „Бангла Деш“, „Мост“, „Република 903“, „Разбој“, „Леб и сол“, „Автограм“, „Бодигардс“, „Тоа е тоа“ и др. Незаборавен е како интерпретатор на љубовната „Сонце за три света“, која беше прогласена за песна на деведесеттите и влезе во историја на македонската музика. Изведбата на „Сонце за три света“ на „Макфест“ во 1993 освои награда за најдобар текст, а Мики Јовановски-Џафер награда за интерпретација.

Добитник е на наградата „Златна бубамара на популарноста“ за трајни вредности. Оваа престижна награда е, всушност, потврда за музичкиот траен печат што Мики Јовановски-Џафер го остави во срцата на сите љубители на поп и на рок-музиката. „Лага и измама“, „Под Пелистер“, „Одам на југ“, „Мики мој“, „Џоле бре гол“ и незаборавната „Сонце за три света “. Билетите може да се набават онлајн на: Влезници за концертот на Мики Јовановски-Џафер.

Можеби ќе ве интересира: