Не помина многу време откако Ви ја најавивме првата престава и гостувањето на мега популарниот српски актер кој сите го паметиме по неговата бела лаѓа, а станува збор за Милан Лане Гутовиќ кој на 16-ти април гостува во Домот на АРМ и кој по распорадената прва претстава која ќе се одржи во 21 часот, очекувано беше да се одржи и втора и тоа неколку паса порано, односно, во 19 часот.
Како што велат организаторите, бројот на билетите е ограничен поради спонзорите, што воедно би значело дека останува уште некој ден да си набавите билет за вторта претстава за која што уште одсега се бара карта повеќе.
Инаку, вонвременскиот Среќко Шоиќ конечно доаѓа во Скопје, со претставата со која го има обиколено речиси целиот свет. Милан Лане Гутовиќ е претставник на златната генерација актери од бившојугословенските простори кој со своите улоги во “Тесна кожа” и “Бела Лаѓа” е најголемиот жив комичар во моментов! Скопјани ќе имаат неверојатна шанса да го видат во живо на само три метри од себе, носителот на најсмешниот лик прогласен по сите релевантни гласања и анкети.
“Обична вечер” е урнебесна комедија напишана и режирана од самиот Милан Лане Гутовиќ, што е причина повеќе да не го пропуштите овој единствен настан! Картите се по цена од 400 денари и истите можете да ги купите преку продажната мрежа на Купи Карти За Се.
Да не бидете после изненаѓени и увреѓени дека нема карти! Ќути Ќирко!
Музика24