Во прв ред

По реакциите на кавадарчани откажан настапот на Јелена Карлеуша

Пред неколку дена беше објавена програмата за престојниот „Тиквешки гроздобер“ по што следува бројни реакции во јавноста. Особено за најавениот настап на Јелена Карлеуша, која беше најавена како главна ѕвезда. Вчера, по сите реакции се огласи градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
Овие денови ја објавивме целосната програма за Тиквешкиот Гроздобер 2022 година. По пауза од две години , сакаме да продолжиме онаму каде што застанавме. А бевме на добар пат кон најдобрите културно – музички фестивали во државата.
Општина Кавадарци во последните години е препознатлива и докажана по транспарентното работење. По објавената музичка програма наидовме на голем број негативни коментари и негодувања за музичката ѕвезда Јелена Карлеуша која е предвидена за настап на 11-ти септември како главна музичка атракција за овогодинешниот гроздобер. Нам секогаш ни е најважно вашето мислење, драги кавадарчани. Па затоа настапот на оваа музичка ѕвезда е откажан а во моментот се преговара со останати музички ѕвезди со кои можеме да го договориме дадениот датум. Кавадарци за сите.
И оваа година да создадеме убава и поинаква гроздоберска приказна.
Во продолжение целосната програма без настапот на Карлеуша.
Петок – 09.09.2022
ZEE BOMB
NUCII & VOYAGE
DJ
Сабота – 10.09.2022
Игор Џамбазов и Гуру Харе
Огнен Здравковски
Харис Џиновиќ
Недела 11.09.2022
Карневалско дефиле
„Амадеус бенд“

Можеби ќе ве интересира: