По прекрасното прво издание во ноември минатата година, со големо задоволство Ви го најавуваме второто издание на најголемиот електронски фестивал во Битола, наменет за сите љубители на вистинска, квалитетна електронска музика – “Dream Live Festival – EDM EDITION”. За овој ексклузивен настан ќе се погрижат домашни артисти, најдобри во пределот електро-денс музиката. Цената на картата е формирана врз основа на стандардите, намената е за секој да може да биде присутен. Картите во претпродажба изнесуват 50 ден, а на врата 100 ден. Локацијата ќе биде иста како првото издание – спортска сала “Младост”, но овој пат ќе биде во Сала бр. 2 , влез бр. 2 (Заден влез).
Второто издание на „Dream Live Festival“ е закажано за 17-ти април со почеток од 19.30 часот. Повеќе информации за настанот можете да дознаете на Фејсбук. Музика 24 и овој пат ќе се потпише како медиумски покровител на овој спектакуларен фестивал на електронската музика.
За Музика24 од Битола: Јовица Пауноски