По втор пат во Општина Ѓорче Петров – “Звуците на културата” (Фото)

Од 20-ти до 22-ри септември во паркот во Ѓорче Петров, по вторпат ќе се одржи манифестацијата “Звуците на културата”. Трите денови ќе бидат исполнети со богата културно-уметничка програма, како и низа активности за најмладите, но и за повозрасните граѓани. Настапи на културно-уметнички друштва, хорови, музички точки на училишта, баскер артисти, танцување, проекција на филм, мјузикл, концерти, театар е само дел од она што ќе го збогати културно-забавниот живот во општина Ѓорче Петров.

Во рамки на “Звуците на културата”, ќе настапат и Наум Петрески, Ефто Пупиновски, Нокаут, Дац и Александар Митевски и познати диџеи. Во тек на настанот ќе биде прикажан и македонскиот наградуван филм “Господ постои, името и е Петрунија” на режисерката Теона Стругар Митевска, а во паркот каде што ќе се одржува манифестацијата ќе бидат поставени и реквизити за забава, детски игри и спорт, забавен парк и базар.

Повеќе на Музика24...