Во прв ред

Под ѕвездите со Игор Џамбазов

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов, на 17-ти јуни со почеток во 20 часот, на стадионот Локомотива, сега со ново име Станица Карпош, ќе приреди неверојатен open air настан за душа. Под ѕвездите на оваа јунска вечер, со Игор Џамбазов ќе уживаме во хитовите кои што со години наназад се дел од најголемите музички случувања кај нас. Но ќе уживаме и во анегдотите и приказните кои што Џамбазов ги носи со себе.

Освен Игор Џамбазов, овој настан ќе го збогати и рок репертоарот на Бени Нон Стоп, но и стенд-ап настапот на македонската актерка Весна Бејби Петрушевска. Почетокот на настанот е закажан за 20 часот, цената на влезницата е 250 денари со вклучена консумација. Истите можете да ги обезбедите на купи карти за се, во Југотон и на влез.

Можеби ќе ве интересира: