Цели 20 години Светлана Ражњатовиќ – Цеца е на врвот на регионалната музичка сцена. И во овие 20 години, не пропушта можност да ја запее антологиската македонска песна “Зајди, Зајди”. Несомнено, песна која што не секој пејач, без разлика на искуството и талентот, се осмелува да ја изведува. Пред закажаниот предновогодишен солистички концерт во Скопје, Цеца во ново видео издание, со македонска покана, да бидете дел од овој спектакал кој што ќе биде последен за периодот кој што следува, затоа што Цеца најавува повлекување во студио каде што сериозно ќе почне да работи на подготовка на новиот албум.
Репертоарот за скопскиот концерт, кратко сиже на цела нејзина кариера. И освен најголемите хитови од последниот албум: “Позив”, “Име и презиме”, “Да раскинем са њом”…, на сцената во арената “Борис Трајковски” во живо ќе ја слушнеме и македонската “Зајди, Зајди”. А како звучи истата кога Цеца пее, слушнете во видеото во прилог.
Ве потсетуваме дека останаа уште малку влезници за концертот на Цеца на стандардните продажни места во Скопје, како и низ локалните кафулиња и плоштади во државата. Од сите останати градови, обезбеден е организиран превоз за да можат сите македонски фанови, да уживаат во овој единствен предновогодишен концерт во македонската метропола.
Подготви: Редакција Музика24