Полна Хераклеја за концертот на Владо Георгиев

Вчера вечер античкиот театар на Хераклеја кој има капацитет за околу 2.500 луѓе беше претесен да ги смести битолчани и обожавателите на Владо Георгиев од околните градови. И покрај дождот кој врнеше речиси цела ноќ илјадната публика од почеток до крај во еден глас ги пееше хитовите на Владо.

View this post on Instagram

@vladogeorgiev

A post shared by Damjan Guguchevski (@guguchevski) on

Георгиев ги отпеа нумерите од незавршениот албум “Боемски” а покрај своите хитови за македонската публика ги отпеа “Битола мој роден крај” и “Елено, ќерко Елено” која му ја посвети на својата ќерка. Владо не го заборави и својот пријател Оливер Драгојевиќ кој почина пред една година, и во негова чест отпеа песна.

Во Битола одамна немало ваков концерт. Публиката и Владо цело време разменуваа позитивна енергија, а Владо не штедеше пофалби и благодарност за присутните.
Владо го заврши концертот со бројните жени и деца од публиката кои му се придружија на сцената. Заедничка желба на Владо и публиката беше за скоро време пак да се видиме на концерт на истото место.

Од Битола за Музика 24: Филип Етмишовски
Фото: Дамјан Гугучевски, Сашо Ристевски (Bitola News)

Повеќе на Музика24...