Во прв ред

Слаткиот концерт на Тамара ќе остане како најдобар МК концерт за 2015

После неколку месечното подготвување, многубројните хитови зад себе, интересните и убави моменти кои и се случија изминатиот период (стапи во брак, очекува бебе, настапи на Скопски, Радискиот фестивал и додели награда за “Апсолутен хит на годината”…), Тамара Тодевска вчера вечер го одржи првиот солистички концерт пред македонската јавност.

Иако рака на срце концертот доцнеше, а спортската арена “Борис Трајковски” имаше простор за уште и уште фанови, најслатката работа што на сите оние кој дојдоа на концертот на Тамара беше малото, но сепак интересно внимание од страна на организаторите, односно, мало и слатко чоколадно изненадување. Секоја чест за тоа!

Со песната “Тешко без тебе” Тамара го започна концертот, големиот музички спектакл кој само за момент изгледаше на мала семејна прослава, но велиме, само за момент. Таа започна енергично, со многу емоции и песни како од првиот, така и од последниот нејзин албум.

Први гости на сцената беа Влатко Илиевски, Дојчин и нејзиниот татко Велко Тодевски. Таа оваа прилика ја искористи да ја отпее заедничката песна со Илиевски која ја има за нив напишано Игор Џамбазов пред речиси една деценија. Концертот продолжи онака како што и започна, а Тамара ги редеше своите најголеми и најпознати хитови кои изминатите 15-на години ги пееше пред своите фанови и публика. Таа претстави дел од песните од новиот албум, меѓу кој беше и големиот хит со ДНК “Фрази љубовни”, што беше навистина привилегија и задоволство да се слушне и доживее во живо, Тамара и ДНК… вистинско уживање.

Во еден момент Тамара на публиката и се обрати:

“Од овој момент не знам и не ви гарантирам што ќе се случува со концертот, а не е ни чудо сето ова да прерасне во Ивкова слава”, а веднаш по ова обраќање на сцената беше поканета нејзината сестра Тијана Дапчевиќ која што исто така енергично, со мнооогу позитивна енергија заедно отпејаа микс од странски и македонски познати хитови, меѓу која ќе ја споменеме и песната “Љубов” песна која што има големо значење за Тамара, бидејќи на истот тој настап на Фестивалот за забавни мелодии “Макфест” таа на сцената како мало и слатко девојче во тоа време се појави на сцената со познатите и незаборавни Маријана и Росана, од кои што публиката имаше можност да ја слуше и “Признавам” големиот хит на некогаш премногу познатите сестри.

Tamara_koncertПотоа на сцената се редеа многуте хитови на Тамара “Брод што тоне”, “Немирна”, “1003”, “Само сакам да”, “Нејќеш да сум сама”, преработката “Шила”… и многу други. Тамара со Даниел Кајмакоски заедно на сцената ја отпееја  новогодишната-божиќна “За миг”, еден од посовршените настапи на концертот, а заедно со маестралниот и неповторлив Игор Џамбазов ја отпејаа “Ти си нула”, песна стара 17 години која што во тоа време ја отпејала нејзината сестра Тијана, но овој пат тоа звучеше исто така одлично заедно со Игор Џамбазов. И Џамбазов не би бил тоа што е ако не направи навистина одлично, интересно и симпатично изненадување, тој за оваа прилика и по повод концертот на Тамара отпеа песна која што тој ја напишал а е посветена токму на неа и го носеше токму нејзиното име, одлична интересна песна на која Тамара секако одлично изреагира и слатко се изнасмеа.

И како што беше најавено пред самиот концерт, еден од гостите беше и Раде Врчаковски-Врчак кој после долги години пауза повторно стапнува на сцената и токму на концертот на Тамара. Тие заедно ги отпејаа двете дуетски песни “Седмо небо” и “Лоша девојка” на која што публиката одлично изреагира.

Концертот заврши како што и сите очекуваа, Тамара на крајот од концертот ја отпеа емотивната, феноманална и совршена “Готово е”, песна на која што речиси немаше кој а да не ја пееше заедно со неа. По барање и на публиката имаше и бис со која што Тамара го заврши својот прв солистички голем концерт.

Со овој концерт нашата позната Тамара не само што ја прослави 15 години од својата музичка кариера, таа воедно покажа и докажа како треба македонските музички изведувачи да организираат и реализираат концерти и како големи и сериозни професионалци, наместо како досега самите да се полнат со музичари увезени од други држави, вчера вечер Тамара докажа дека салите можат да се полнат и за македонските музички имиња, музичари и изведувачи. Браво и секоја чест!

Подготви: Синиша Новевски

Можеби ќе ве интересира: