Популарни изведувачи од регионот ќе настапат на јубилејните “Охридски трубадури“

На јубилејното 25-то  издание на интернационалниот музички фестивал “Охрид Фест –Охридски трубадури“, кој ќе се одржи од 6 до 8 септември, ќе учествуваат повеќе од 70 изведувачи. Помеѓу кои ќе настапат и познати изведувачи  од балканските земји како Владо Калембер и Жак Худек од Хрватска,  Ален Исламовиќ од БиХ, Мерима Његомир и овогодинешните српски евровизиски претставници групата “Балканика“ од Србија и уште многу други популарни изведувачи од Грција, Бугарија и останатите земји. Во останатите програми ќе настапат: Благица  Павловска , “Скопски боеми“, Петар  Нечовски, Нино Величковски, Милица Кузмановска, Милован Секуловски, “Молика“, Зоран  Христов во фолк програмата. Даниел  Кајмаковски, Огнен Здравковски, Пепа, Денис Димовски, Лена,  Ѓоко Ѓорчев, Жармена во поп вечерта. Како што велат организаторите ова не комплетната листа на овогодинешните изведувачи на фестивалот. Подготви: Филип Етмишовски
 
Повеќе на Музика24...