Во прв ред

Поради голем интерес закажан и втор концерт „Виена во Битола“

Поради големата заинтересираност за новогодишниот концерт „Виена во Битола“ на 26-ти декември, Камерниот оркестар на Битола закажа два концерти во иста вечер, со тоа што првиот концерт ќе почне половина час порано, односно во 19.30 часот, а вториот концерт ќе почне од 21.30 часот.

Со Камерниот оркестар ќе диригира Владимир Димовски а ќе настапуваат првенци солисти од Македонската опера и Балет, хорот Коруновска Арс Нова и гостите од Виена: Ирена Крстеска – сопран и Димфна Мејтс – мецосопран.

Влезниците за првиот концерт се пуштени во продажба на билетара на Центар за култура, Битола, по цена од 400 денари.

Можеби ќе ве интересира: