Во прв ред

После 30 години „Нови фосили“ со ексклузивен концерт во Македонската филхармонија (Видео)

Како што неодамна пишувавме на нашиот музички портал, а потоа во разговор истото ни го потврдија и од групата „Нови фосили“ и пејачката Сања Долежал која и го сподели нашето стори на профилот од Инстаграм, после 30 години конечно „Нови фосили“ со ексклузивен концерт во Македонската филхармонија.

Како што не известуваат организаторите од Vibe Production, концертот ќе се одржи на 9-ти април со почеток во 20 часот во центарот на Скопје.

„Честа е наша да ви го најавиме нашиот следен интимен проект , за кој со сигурност мислиме дека нема да биде доволна една Македонска филхармонија, поради фактот кој се и што значат „Нови фосили“, брендот и бендот кој повеќе од 50 години зрачи со својата енергија, со огромен придонес во поп-рок културата и светски признанија од типот на Евровизија, во времето кого навистина се бираше квалитет. Задоволството ќе биде на сите нас, после 30 години повторно да ги слушнеме во живо евергрините: „Еј мој Саша”, „За добра стара времена”, „Јас сам за плес”, „Милена” и многу други”, велат организаторите.

Влезниците ќе бидат во продажба од 14-ти февруари (среда), како и on-line на ticketx.mk или во продажната мрежа на Ticketx ширум Македонија по следниве цени и категории:

  • Golden Seats – 1.800 денари
  • Silver Seats – 1.500 денари и
  • VIP – 2.100 денари (од кои само 110 влезници се во продажба)

За да не Ви раскажуваат другите бидете брзи уште самото утро на Денот на виното (Денот на вњубените) 14-ти февруари и резервирајте си ја една од најубавите вечери во оваа година.

9-ти април, Македонска филхармонија, почеток 20 часот… после 30 години само за Вас – „Нови фосили“.

Можеби ќе ве интересира: