Во прв ред

После Охрид, и Битола со најава за организиран дочек на Новата 2022 година

Како што дознава музичкиот портал Музика24, после најавата дека градот Охрид ќе подготвува новогодшна забава за дочекот на Новата година, во текот на вчерашниот ден и од Битола – градот на конзулите, добивме информација дека и тие ќе се подготвуваат за дочекот на Новата 2022 година.

Во тек е повик за учесници кои ќе учествуваат во еднонеделната програма, и дочекот на Нова година кој ќе се одржи на платото пред Офицерскиот дом. Како што велат организаторите, Општина Битола , учесници на новогодишната програма годинава ќе бидат исклучиво битолчани, додека нема да има гости од странство или Балканот.

Градоначалникот на Општина Битола за медиумите ја даде следната изјава:

„Сакавме да организираме програма, да ја тргнеме меланхолијата. Општината ќе издвои 1,2 милион денари само за програмата и техничка поддршка. Тоа се скромни средства и ги замолувме учесниците за разбирање. Ги поканувам сите културни работници, претежно битолчани да ја збогатат таа програма која една недела дена пред Нова година ќе биде во попладневните часови на платото пред Офицерскиот дом. Просторот ќе го украсиме во соработка со приватниот сектор“, рече градоначалникот Тони Коњановски на прес-конференција.

Можеби ќе ве интересира: