Во прв ред

После Скопје и Струмица, Иван Босиљчиќ летово на “Охридско лето“ и во Битола

Популарниот српски актер Иван Босиљчиќ кој деновиве со својот авторски проект „Неколку стихови за нас“ гостува во Скопје и Струмица, летово повторно ќе се врати пред македонската публика.

Босиљчиќ со овој проект годинава гостува во регионот и Европа, деновиве е во Скопје (27 и 28 април) и Струмица (29 април) но македонската публика повторно ќе ужива со Босиљчиќ летово на фестивалот Охридско лето но и во Битола и Гевгелија.

„Оваа турнеја дефинитивно ќе ја обележи Македонија, бидејќи после овие концерти во Скопје и Струмица можам ексклузивно да најавам дека ја поминав селекцијата за фестивалот “Охридско лето“ и ќе настап во античкиот театар во Охрид летово. Претходно ќе имам настапи во Битола и Гевгелија. “ – изјави  Босиљчиќ во ток шоуто „Еден на Еден“.

Самиот проект всушност претставува музичко-поетска вечер, на репертоарот се обработки на песни, руски романси, современи хитови но и поезија од реномирани поети, меѓу кои и поезија на македонскиот поет Анте Поповски.

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: