“Поточиња 2019” на 30-ти и 31-ви март во Македонска опера и балет

Популарниот детски фестивал “Поточиња” по 16-ти пат ќе се одржи на 30-ти и 31-ви март на сцената на Македонската опера и балет. Распеаните и разиграни учесници на публиката ќе претстават уште една нова фестивалска приказна исполнета со 15 нови детски песни. Програмата ќе биде збогатена со специјално изработени анимирани цртани филмови соодветни за секоја тема од песните кои ќе бидат изведени.

Домаќин на публиката и оваа година ќе биде актерот Мартин Јорданоски кој ќе ги води дечињата низ приказната на “Поточиња” во улогата на маскотата Поки.

Од организаторот, Пап продукција, информираат дека се е подготвено за уште една голема детска забава и дека на репертоарот се закажани шест претстави со почеток од 11:00, 13:00 и 19:00 часот во двата дена. Билетите по цена од 250 денари може да се набават во Југотон, Билетарата на МОБ и онлајн на www.jugoton.mk и www.babyshop.mk.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.