Потврдено: “Бијело дугме” ќе одржат голем концерт на плоштад “Македонија”

Со концерт на легендарниот рок бенд “Бијело дугме” ќе се отвори казиното “FlaminGo” на плоштад “Македонија” во Скопје. Големата забава која  е бесплатна за сите граѓани ќе се случува на 17-ти ноември. На сцената заедно со Горан Бреговиќ ќе бидат и Младен Војчиќ-Тифа и Ален Исламовиќ.

Претходно се шпекулираше дека се работи за концерт организиран од Град Скопје за Денот на ослободувањето, но оваа информација беше демантирана. Како што изјави долгогодишната соработничка на Бреговиќ, вокалистката Васка Јанковска за Фокус, концертот е договорен на неодамнешното гостување на бендот во Струмица.

“Бијело дугме” е основано во 1974 година и важи за еден од најпознатите ако не и најпознат рок состав во регионот.

Подготви: Филип Етмишовски

Повеќе на Музика24...