Во прв ред

Познат датумот за новото четиринаесето издание на “Пивофест”

Како и секоја година, традиционално и оваа година веднаш по Петровден, односно, од 14-ти до 17-ти јули по четиринаесети пат ќе се одржи најголемиот пиво фестивал во Македонија и на Балканот, нашиот познат “Пивофест” во градот под Марковите кули, градот херој, Прилеп. И оваа година организаторите најавуваат голем број на познати музички имиња кои сеуште се држат во најголема тајност, а за дел од нив сеуште се разговара.

Како и да е, градот Прилеп, а речиси и цела Македонија овие неколку дена ќе живее 24 часа со многу музика, забави, летни журки и тоа се на едно место. Досега на овој познат пиво фестивал се појавија познати македонски и балкански музички имиња, а минатата година дел од истиот беше и мега популарниот Дино Мерлин со кој што заврши фестивалското дружење.Goca Trzan_pivofest2015Специјализираниот македонски музички портал Музика24 исто како и изминатите неколку години, и оваа, ќе биде медиумски покровител на овогодинешното издание на “Пивофест” и со своите новинарски екипи и овој пат навремено и секогаш точно ќе Ве информира за сите случувања за и околу “Пивофест 2016”.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: