Во прв ред

Познатата латино и фламинго пејачка Yasmin Levy со голем концерт во Македонската филхармонија (Видео)

Како што ексклузивно дознава музичкиот портал Музика24, на 7-ми април во големата сала на Македонската филхармонија ќе гостува единствената, оргинална, романтична душа… големата ѕвезда на world music сцената, познатата израелка со најпознатите љубовни шпански песни Yasmin Levy.

Таа е родена 23-ти декември 1975-та година во Ерусалим. Зад себе има 9 студиски албуми исполнети со романтична, љубовна, тажна фламинго и етно шпанска музика. Со својот специфичен и емотивен стил, Yasmin Levy донесе нова интерпретација на средновековната јудео-шпанска (ладино) песна со инкорпорирање на повеќе „модерни“ звуци на андалузиското фламенко и традиционалната турска музика, како и комбинирање на инструменти како дарбука, уд, виолина, виолончело и пијано.

Нејзиниот деби албум беше „Romance & Yasmin”, кој беше проследен со нејзиниот втор албум „La Judería”. Таа на вториот студиски албум ги обработи и популарните песни „Gracias a la Vida“ од Виолета Пара и „Nací en Álamo“ од филмот Vengo, во режија на Тони Гатлиф, кој во својата оригинална верзија ја освои наградата Цезар во 2001 година за Најдобра музика напишана за филм на „Песната на циганите“, напишана од грчкиот текстописец Дионисис Цакнис во 1990 година.

Таа во 2007-та година за себе ќе каже:

„Горда сум што ги комбинирам двете култури на латино и фламенко, притоа мешајќи ги влијанијата од Блискиот Исток. Тргнувам на 500-годишно музичко патување, однесувајќи го латино во Андалузија и мешајќи го со фламенко, стилот кој сè уште ги носи музичките сеќавања на стариот мавритански и еврејско-шпански свет со звукот на арапскиот свет. На некој начин тоа е „музичко помирување“ на историјата”.

Yasmin Levy скопскиот концерт ќе го одржи во рамки на нејзината балканска турнеја. Влезниците можете да ги купите онлајн на https://ticketx.mk/ од четврток, 15 февруари 2024.

Не заборавајте, 7-ми април, Македонска филхармонија, почеток 20 часот.

Можеби ќе ве интересира: