Во прв ред

Познати музички имиња дел од хуманитарната трка

Како и секогаш досега, така и овој пат специјализираниот македонски музички портал Музика24 подржува голем хуманитарен настан во кој свое учество земаат и дел од познати македонски музички имиња, кои според организаторот сега за сега ќе останат мала слатка тајна до почетокот на хуманитарната трка.

“Трчаме заедно за децата од СОС Детското село” е насловена оваа хуманитарна роденденска трка која е долга 5 километри, а истата ќе се одржи утре, недела 29-ти март на кејот на реката Вардар со почеток во 11.30. На денешната прес-конференција меѓудругото организаторите од “Евроинс” –  Школата за трчање кои воедно прославуваат една година од своето постоење, изјавија дека сите собрани средства од партиципацијата за учество во трката ќе бидат донирани на СОС Детското село Македонија.

“Она што ние го правиме поддржувајќи ја хуманата работа на СОС Детското село сакаме да биде поттик и за другите компании, да покажат општествена одговорност и да пружат љубов и грижа на овие деца на кои им е потребна здрава средина, топол дом, љубов и чувство на сигурност”, истакна директорот на “Евроинс”, Јанко Николов. Според директорката на СОС Детското село Виолета Георгиевска, преку трката, Школата за трчање уште еднаш ја демонстрира општвествената одговорност.

“Покрај собирањето средства за поддршка на Детското село се промовира и важноста на спортот во психофизичкиот развој на децата и младите”, потенцира Георгиевска. Како промотер на трката е шампионот на Македонија во полумаратон Кокан Ајановски.

Humanitarna trkaХуманитарната трка ќе се трча на патеката долга 5 километри, со старт од кејот на реката Вардар позади зградата на Владата на Република Македонија до хотелот “Александар Палас” и назад. Стартните бројчиња ќе се подигнуваат најдоцна 30 минути пред почетокот на трката. Партиципацијата за учество во трката изнесува 300 денари, а според организаторите се очекува учество да земат над 150 учесници.

Доколку сакате и вие да бидете дел од оваа хуманитарна трка, а воедно и да се дружите и запознаете со дел од познатите музички имиња од македонската поп сцена, тогаш не чекајте земете учество и рекреирајте се, а истовремено бидете хумани!

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: