Во прв ред

Познатиот бугарски рапер Криско доаѓа во Струмица (Видео)

Претпоставуваме и речиси сме сигурни дека досега барем еднаш во изминатата година случајно или не сте го слушнале големиот бугарски хит кој сакале ние или не влегува во уво, а освен момче кое рапува, со него се појавува и една навистина прекрасна девојка. Да, можеби веќе од прва погодивте, станува збор за песната “Видимо доволни” од Криско и Марија Илиева.

Krisko_Marija IlievaТокму тој, популарниот Криско впеток доаѓа во една од најголемите и најпознати дискотеки во источна Македонија “Select” – Струмица. Од таму велат дека вратите ќе бидат отворени за сите фанови и сите оние кои сакаат одлично да се забавуваат, но потенцираат дека пожелно би било да направите резервација како би ги избегнале сите оние проблеми кои обично се случуваат кога немате резервација. Разервациите можете да ги направите на следниве телефони:

-Мартин 075/346 232

-Лазо 077/863 574 и

-Коста 077/743 077

Како и секогаш при секое музичко случување, така и овој пат, специјализираниот македонски музички портал Музика24 ќе биде на местото на настанот од каде ексклузивно ќе ве извести како за адмосферата така и за се она што се случува во една ваква голема дискотека, а сепак не е во главниот град.

Подготви: Музика24

Можеби ќе ве интересира: