Во прв ред

Познатиот музичар, композитор и продуцент Горан Милошески го прославува својот роденден – Среќен роденден Гоки!

Велат дека годините ништо не ни значат во животот и дека тие претставуваат само бројка, најважно е тоа како ние се чувствуваме од внатре. Во нашиот сопствен живот. Многу пати досега кога сме разговарале често ќе спомене јас ги живеам моите најубави години. И покрај тоа што денес тој полни 58 години, Горан Милошески, еден од најпознатите музичари, композитори и продуценти во Македонија, е еден од најдобрите, најпозитивните и најреалните луѓе кои некогаш искрено сум ги запознал.

Зад себе има голем број на проекти, музички синглови, албуми, фестивали кои тој ги има организрано и многу, многу други нешта за кои можеби македонската публика и не знае и не е информирана. Да споменеме дека и првата песна со која нашиот Тоше настапи на Фестивалот на забавна музика “Макфест”, е токму негово дело. Ретко кој тоа го знае па се китат со туѓите успеси.

И во следните 365 дена ти посакуваме пред се многу здравје, насмевки, позитивност, да бидеш и останеш она што си ти, оргинален, бидејќи ретки се луѓето како тебе. Од се срце ти посакуваме уште многу успешни проекти, многу награди, фестивали, албуми и се она што ти би сакал да го направиш и реализираш, и се разбира, конечно да се реализира проектот за кои веќе неколку години разговараме и треба конечно да се случи и реализира.

Среќен роденден!

Иван Јосимовски и Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: