Одбележувањето на 8ми септември Денот на независноста во Гостивар започна со концертите на Градското културно-уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“ и Влатко Стефановски трио.
Синоќа, фолклорната секција и оркестар на ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ изведоа два сплета на народни игри и ора, а настапија и солистите Мирослав Крстески, Ѓурѓица и Јовица Николоски.
Празнувањето на Денот на независноста продолжи со програма во Центарот за култура на која свој концерт имаше Влатко Стефановски трио. Организаторот на концертот НУ Центар за култура АСНОМ, на Стефановски му врачи плакета за неговото полвековно творештво.
Фото: МИА