Во прв ред

Традиционално: Предновогодишен концерт на Ацо Пејовиќ во Скопје и големо изненадување за фановите (Фото)

Ацо Пејовиќ има специфична животна приказна. Таа приказна претставува остварување на големиот сон, но дури по долгиот и тежок пат низ кој морал да помине, за денес тоа да биде искуство кое се чувствува во неговите песни. Неговиот живот е далеку од совршен, но тој успева работите да ги прифати на вистински начин. Не е еден од оние кои себе си во медиумите ќе се претставува како голема ѕвезда чиј што живот е идеален. Не. Тој со себе носи порази и тага, разделби и болка, но и огромни успеси за кои отворено зборува.

Го помина патот од дно, до голема популарност. И тоа е печат на неговиот живот, кариера и песни кои во последните неколку години го отсликаа неговиот живот, неговото срце и се она што во себе го носи. А да го отсликате портретот на Ацо Пејовиќ претставува вистински предизвик, особено кога тоа треба да го направите со зборови, емоција и анализа. Да успеете да го “отворите” човекот кој не е отворена книга, кој ги чува своите вредности на вистински начин, криејќи го својот живот далеку од очите на јавноста.

Предизвик е и од причина што мора добро да се потрудите за да дојдете до вистинската нијанса на неговата личност и највпечатливата музичка боја. Не затоа што тој ги крие, напротив, затоа што неговата личност, карактер и талент постојано отвораат нови страници на неговата приказна, на кои читате нешто поинакво, можеби неочекувано, но со сигурност важно.

Препознатлив, а свој. Тој е човек кој го сакате или не. Трето нема. Помеѓу тие факти стои неговиот успех. Неоспорен и докажан. А успеа уште многу одамна. И тој успех никој не може да му го земе, иако многумина се обидувале. Ацо Пејовиќ не се дава, ниту на годините, ниту пак на новите времиња, ниту солзите, ниту пак животот на кој многу му се радува.

Неговото име и презиме се поим за успех, пример за остварување на својот сон, но и доказ дека оние 5 минути во животот не чекаат сите нас, доказ дека среќата трае исто толку, а ако успееме да ја препознаеме и задржиме, доаѓаме до она кон што сите копнееме – задоволство и мир. Ацо Пејовиќ тоа на време го сфати.

Години подоцна и понатаму со насмевка на лицето, но со големо искуство, драгоцени вредности и приоритети во животот, повторно накратко прелета преку некои спомени со желба повторно да ја собере публиката и да ја потсети на некои времиња, емоции и песни. А тоа ќе го направи на 23-ти декември во „Арена Борис Трајковски”.

Да, добро прочитавте. Ацо Пејовиќ доаѓа повторно во Скопје, традиционално, со голем предновогодишен концерт. Картите ќе бидат пуштени во продажба од утре и истите ќе имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com Југотон и Розе Веро 2, а организаторите од „Balkan Media Production” имаат изненадување за фановите.

Најбрзите, односно првите 50 од вас кои ќе купат онлајн карта, ќе имаат можност да се дружат и фотографираат со Ацо Пејовиќ. Можност која не смеете да ја пропуштите. Побрзајте!

Можеби ќе ве интересира: