Предновогодишно: Џибони во Скопје на “All you need is love”

Како и секоја година, така и оваа тредиционално по трет пат во Скопје ќе се одржи музичкиот фестивал “All you need is love” на кој што ќе настапи еден од најголемите актуелни регионални музичари Џибони. Момците од “Фанк шуи”, како и Влатко Стефановски со своето трио ќе бидат само дел од овој голем музички настан кој што ќе се одржи на 23ти декември во ВИП арената “Борис Трајковски”.

Како што велат од Авалон продукција, Влатко кој што ќе настапи како специјален гостин заедно со својот син Јан, заедно со Џибони ќе направат да уживате и таа вечер да биде едно предновогодишно музичко расположение.

На вчерашниот прес на кој што нашиот познат виртуоз на гитара беше присутен, за целиот настан и фестивал едноставно изјави:

“Сабајле ја пуштив песната на “Битлси” и не е исклучено и да ја отсвириме на концертот, бидејќи овој слоган е актуелен и денес. Музиката не е спорт, таа се заминама со емоции, чувства и пораки што се универзални. И добро е да комуницираме под слоганот “All you need is love”, бидејќи љубовта ни е многу потребна, како и почитта, во овие нервозни турбулентни времиња. Музиката е тука да не враќа кон вистинските вредности”, изјави Стефановски. А на новинарско прашање по што ќе ја памети 2018та и како ќе ја отцени на музички план, тој додаде:

“Имав над 70 настапи во регионот и низ светот. Неодамна со триото, во Австралија имавме неверојатно успешна турнеја во Сиднеј, Мелбурн и Перт и би сакал со коцнерт во Скопје да ја заокружам оваа богата година. Се радувам што повторно ќе го видам Џибони, секогаш е големо задоволство да се свири со него. Јас ќе свирам со свеоето трио, а потоа и во неколку песни во неговото шоу”, рече Влатко Стефановски.

Кога се во прашање младите сили на македонскиот рокенрол, честа да го отвори овогодинешното издание на фестивалот “All you need is love”, ќе ја има скопскиот фуриозен бенд “Фанк шуи”.

Влезниците се веќе во продажба преку продажната мрежа на Авалон и kupikartizase низ цела Македонија, Југотон и онлајн преку Avalon.mk, по следниве цени и категории:

  • Партер – 700 денари
  • Фан Пит – 1.000 денари
  • Silver Seats – 1.000 денари
  • Golden Seats – 1.200 денари и
  • ВИП – 2.000 денари
Повеќе на Музика24...