Во прв ред

Предновогодишно: Љубојна со голем концерт во “Борис Трајковски” (Видео)

Со оглед на тоа дека минатата година Љубојна имаа совршено одлични концерти во Универзалната сала во Скопје, оваа година, како предновогодишно музичко изненадување за сите Вас, Љубојна повторно со голем концерт, овој пат во спортската арена “Борис Трајковски”. Горила продукција со задоволство и гордост Ви ја најавува македонската музичка сензација заедно со големиот број на интересни и познати музички гости Влатко Стефановски гитара, Исмаил Лумановски кларинет и Џамбо Агушев труба.

Како што велат од Љубојна, последните неколку години во Скопје стана традиција на предновогодишно собирање и славење на радоста и музиката на групата Љубојна. Билетите за големиот предновогодишен концерт се веќе пуштени во продажба во салоните на One, Југотон и останатите продажни места на mktickets.mk по промотивни цени.

Со огромно задоволство, Љубојна Ве поканува на големиот предновогодишен концерт кој ќе се одржи на 17-ти декември со почеток во 20.30 во спортската арена “Борис Трајковски”, каде што освен музиката и песните од сите досегашни албуми, Љубојна промотивно и премиерно ќе го отсвират и отпеат и последниот албум “Шербет”, кој на почетокот на ноември месец го промовираа пред македонската јавност.

Доколку сакате одлична и незаборавна вечер, концерт исполнет со мнооогу позитивна енергија, забавно и весело расположение… е токму Вие треба да си набавите билети за концертот кој според нас ќе биде еден од најдобрите концерти за 2015-та.

Во исчекување на концертот кој што е во најава, Ви предлагаме само за момент да се потсетите и погледнете какво беше расположението и како помина концертот на Љубојна кој што се одржа кон крајот на измината 2014-та година.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: