Во прв ред

Прилеп домаќин на уште едно издание на “Prilep Jazz Weekend”

Традиционално како и секоја година, така и оваа, последниот викенд од месец август, поточно, од 27-ми до 29-ти овој месец на летната сцена од Центарот за култура “Марко Цепенков” – Прилеп, ќе се оддржи новото издание на интернационалниот џез фестивал “Prilep Jazz Weekend 2015”.

Prilep Jazz Weekend_programaЧеста да го отвори овогодинешното џез викенд издание му припадна на македонскиот артист Емин Џијан со своето трио. Покрај него, на сцената ќе настапат и: Милан Петрович Квартет од Србија, триото на браќата Тавитјан, групата на Теодисии Спасов од Бугарија, руската драмендбејз атракција Салто и алтер составот на Дарко Рундек – CUL DE SAC. Сите концерти ќе се одржат на летната сцена од Центарот за култура “Марко Цепенков” – Прилеп. Музика24 и оваа година е еден од медиумските покровители кои ќе го подржат и проследат овој музички и кутурен настан во градот под Марковите кули.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: