Прилеп подготвен за “Прочка 2018” (Видео)

Општина Прилеп како организатор на меѓународниот карневал “Прочка 2018”, кој годинава го има своето 17-то издание, ги прави последните подготовки за одржувањето на оваа значајна манифестација. Имено Детскиот карневал за учесници до 14 години ќе се одржи на 17-ти февруари, на кој што очекуваме да земат учество основните училишта од Прилеп со свои групни маски проследени со соодветна кореографија и музика, додека меѓународната поворка за возрасни ќе се одржи на 18-ти февруари, каде се планира и учеството на групите од средните училишта. Значаен дел претставува изложбата на маски, која ќе се постави во НУЦК “Марко Цепенков” неколку дена пред карневалот, а ќе се отвори на 16-ти февруари од страна на градоначалникот на Општина Прилеп. На оваа изложба учествуваат сите училишта – основни и средни со свои креации претходно селектирани од наставниците по ликовна уметност. Очекуваме голем број на учесници и гости од повеќе држави, пријавувањето е сеуште во тек, а досега пријавени се следните групи од Македонија и од соседните држави: Будва, Бања Ковиљача, Врњачка Бања, Лесковац, Белград, Бол, Шабац, Бела Црква, Корча, Перник, Мокриево, Куратица, Бегниште, Кавадарци, Ратево, Струмица, Радовиш и др. Специјализираниот македонски музички портал Музика24 ја продолжува соработката со Општина Прилеп и овој пат медиумски ги поддржува сите културно-забавни активности кои што се случуваат во овој град под Марковите кули. Подготви: Александра Блажевска
Повеќе на Музика24...