На барање на публиката и поради навистина голем интерес, проектот „Златни години“ – најдоброто од Владо Јаенвски продолжува и во 2024 година.
Третиот распродаден ноемвриски концерт на Владо Јаневски и неговиот бенд од 11 музичари, на 26-ти ноември ќе биде последен концерт во Македонска филхармонија за оваа година. Но, бидејќи интересот за концертите како дури сега да започнува, а притисоците за влезници се навистина огромни, се одлучи да се закаже уште еден концерт, и тоа на 26-ти јануари (петок) во Македонска филхармонија, од 20 часот.
Влезниците ќе бидат во продажба од понеделник (20-ти ноември) онлајн на продажната мрежа на ticektx.mk и ширум продажната мрежа на ticketx низ Македонија. Бидете побрзи од вообичаено.