Во прв ред

“Пролетен Вино Фест” по четврти пат во Скопје

Во организација на Веро Центарот, од 6-ти до 10-ти мај, пред отворениот паркинг простор во склоп на “Веро Центар” посетителите секојдневно ќе имаат можност да уживаат во добро вино, деликатесна храна и музика за сечиј вкус. На овогодинешниот вински фестивал го славиме виното преку селективно одбрани домашни винарии во кои посетителите ќе имаат можност да дегустираат сортни македонски вина по промотивни цени.

Посетителите покрај дегустацијата на доброто вино и деликатеси ќе имаат можност да се забавуваат со одлична музика. Најавени се музички имиња од мaкедонската музичка сцена како и од соседството. Меѓу бројните музички ѕвезди свој настап ќе имаат култните Last expedition, легендарниот Игор Џамбазов како и црногорскиот шармер Бојан Маровиќ. Специјализраниот македонски музички портал Музика24 оваа година е еден од медиумските покровители на овој голем и интересен настан.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: